Вчера, во спортската сала во Македонска Каменица, ЖКК Баскет Кам против екипата на ЖКК Шкупи од Скопје го одигра 15.Коло од Првата македонска кошаркарска лига во женска конкуренција.
Мораме да напоменеме дека и на овој натпревар играч на натпреварот беше шеснаесетгодишната Моника Зафировска која успеа да постигне дури 41 поен од вкупните 66:32 за домаќините. Каменичката публика и вчера имаше можност да ужива во шоуто на Зафировска. Високиот процент на реализирани шутеви за 3, борбената игра еден на еден и мудрите соло пробиви кон противничкиот кош, покрај дисциплината во обраната се одлики на играта на младата Моника Зафировска.
Со оваа победа екипата на КК Баскет Кам е сериозен кандидат за едно од првитр четири места на табелата, за што говори и моменталниот пласман. Каменичанки, заедно со уште три други екипи го дели третото место на табелата од Првата кошаркарска лига на Македонија, со освоени 22 бодови.
Наредното 16.Коло ЖКК Баскет Кам е слободна екипа, додека во 17.Коло ја дочекува екипата на ЖКК Пелистер од Битола.
Пред почетокот на натпреварот од Првата лига, беше одигран уште еден натпревар од М-18 категорија помеѓу истите екипи кој заврши со 48:43 за домаќините. И на овој натпревар најдобар стрелец и играч на натпреварот беше неприкосновената Моника Зафировска со вкупни 29 постигнати поени.