Мобилните тимови на општина Македонска Каменица започнаа дистрибуција на помошта во заштитни средства

Македонска Каменица 27.03.2020 година – Општина Македонска Каменица денес објави соопштение за јавност во кое се вели дека мобилните тимови ја започнаа акцијата за дистрибуција на заштитни маски и средства.

Прочитајте го целиот текст на соопштението:

Мобилните тимови денес започнаа со дистрибуција на средствата за заштита донирани од општина Македонска Каменица. Донацијата се состои од заштитни медицински маски и дезинфициенси, кои се распределуваат до институциите што во овој период на вонредна состојба се активни и работат на превенција и заштита на населението од појава на заразата од коронавирусот. Во изминатиот период општина Македонска Каменица, покрај планираната достава на средства дезинфекција изврши целосна дезинфекција на сите јавни локални установи и подрачни канцеларии. Во таа операција беа опфатени и Дневниот центар за лица со посебни потреби и Полициската станица во Македонска Каменица.

Распределувањето ќе се одвива во фази. Денес со акцијата се опфатени: ТППЕ Македонска Каменица, Полициската и здравствената станица, ЈП Камена Река, канцелариите на Центарот за социјални работи, Агенцијата за вработување и Фондот за здравство,  Комерцијална банка, Стопанска банка, Бензинската станица во градот, Пошта и ординации на матични лекари и стоматолози.

Во моментот се разработува оперативен план за начинот на распределба на заштитни медицински маски за целото население во општина Македонска Каменица, каде посебен акцент ќе биде ставен на пензионерите, хронично болни и ранливи категории на граѓани, како и социјално загрозените семејства и поединци.

Општина Македонска Каменица со своите служби ќе продолжи со активностите за заштита од заразата и наредниот период, а граѓаните да останат дома и да ги почитуваат мерките и препораките од Владата за превенција од заразата со Kовид 19.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *