Министерството за здравство препорачува трудниците утре да не работат

Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови при Министерството за здравство по добиената најава од Управата за хидрометеоролошки работи за студен бран од портокалова фаза на ниво на целата држава, за утре ги донесе следните препораки:

  • Да се ослободат од работни обврски бремените жени и лицата над 60 годишна возраст.
  • За работниците коишто работат на отворено се препорачува реорганизација на работното време од 10 до 16 часот, со повремени паузи на секои два часа по половина час во топла просторија и со топли напитоци, со цел заштита на нивното здравје.
  • Во случај на настинка и потешкотии на дишењето, се препорачува граѓаните веднаш да се јават кај својот матичен лекар.

Комисијата при Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата низ целата држава и јавноста соодветно ќе биде информирана.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *