МВР со детали за кражбата во црквата во Автокоманда, каде беше украден автомобилот на попот

Вчера во 16 часот и 50 минути 57- годишниот Д.М во полициската станица Гази Баба пријавил дека истиот ден во времето од 07 и 45 до 15 часот и 15 минути на улица “Архимедова“ поточно во близина на црквата “Свети Архангел Михаил“ во Автокоманда од страна на непознат сторител извршена била кражба на патничко моторно возило “Голф“ со скопски регистерски таблици.

Кражбата сторителот ја извршил на тој начин што влегол во помошната просторија од црквата и од јакната на Д.М. која таму била закачена одзел мобилен телефон, клучеви од возилото и без да биде забелажан од никого заминал од местото на настанот, стои во соопштението од МВР.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Извор: Press24

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *