МВР – Дневен билтен 18.09.2019 | kamenica.mk

Полициски службеници од СВР Скопје, вчера околу 23 часот на ул.„Јордан Мијалков”, го привеле Д.Р.(25) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 21:30 часот полициски службеници од СВР Скопје, на ул.„Перо Наков”, го привеле Н.Т.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Утринава 4:20 часот полициски службеници од СВР Скопје, на бул.„Трета македонска бригада” ги лишиле од слобода А.Н.(33) и М.А.(21), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Утринава во 3:30 часот полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба го привеле Ф.В.(19) од Скопје, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера околу 22 часот на железничка пруга, пред надвозникот на бул.„Србија”, воз кој сообраќал на релација Битола – Скопје удрил во пешакот Н.М.(31) од Скопје, кој починал на местото. Лекар констатирал смрт, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера околу 15 часот во атарот на село Горна Бањица, гостиварско, полициски службеници во координација со претставници од ЈП„Национални шуми” и на Шумска полиција, ги затекнале А.И.(47), А.Ќ.(43), М.С.(47) и К.Б.(51) од селото, кои на трактор товарале огревни дрва за кои не поседувале документи. Сите четири лица биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, додека возилото и дрвата биле предадени на Шумска полиција.

Вчера во 15:35 часот на бул.„АСНОМ” во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „опел астра” со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(48) од Скопје и мопед „сим” со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Т.(62) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.Т. и бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски” за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Вчера во 20:30 часот, на кејот на реката Вардар, во близина на мостот „Близнаци”, М.М.(28) од Скопје, управувајќи мотоцикл „БМВ”, изгубил контрола и паднал во реката. М.М. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза” за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Вчера во 9:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, А.П.Ж.(52) од Скопје пријавила дека на ул.„Дренак” била касната од куче скитник на десната нога.

Вчера во 12:45 часот на крстосница од бул.„Словенија” и ул.„Качанички пат” во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „форд фиеста” со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(23) и патничко моторно возило „хјундаи” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.В.(51), и двајцата од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил М.И.(73), сопатник од возилото „хјундаи”, а со телесни повреди се здобиле М.Н. и С.Н.(51), сопатничка од истото возило. Тие биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски”. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Вчера во 17:10 часот во Полициската станица Гази Баба, З.Д.(52) од Скопје пријавил дека на ул.„Филип Филиповиќ” бил каснат од куче скитник на десната рака.

Извор: ММС.МК

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *