Мајка си го фрли бебето од зградата што гори во Лондон

14. ЈУНИ 2017 – 14:02 | каменица.мк

Додека лондонскиот Grenfell Tower гори, очевидци раскажуваат стравични ситуации, во кои од зградата се слушаат вресоци, луѓе излегуваат на прозорци, а една мајка си го фрли бебето од деветтиот кат во обид да го спаси неговиот живот.

Бебето потоа било фатено од страна на некои луѓе кои стоеле пред зградата, пренесува Sky News.

Некој станар, пак, направил импровизиран падобранец и се обидел со него да се спушти преку прозорецот. Во обид да се спаси жива глава, луѓето прават неверојатни работи кои кај очевидците ќе останат запаметени засекогаш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *