Масовно поклонување на снаите пред свекрвите во Виница

Од 58 венчани невести минатата 2018 г. во денешниот традиционален винички обичај за празникот Тодорова сабота се приклучија 17, продолжувајќи ја старата традиција за поклонување пред свекрвите и кршење погачи за здравје во домот.

Статистиката на храмот “Св.Архангел“ , минатата 2018 г. во својата евиденција има запишано 58 склучени бракови, што е за 10 повеќе од 2017г.  Лани се крстени 124 деца, наспроти 119 претходната година, но од нив дури 34 ниту се родени ниту ќе живеат во Виница.

Leave a Reply

Your email address will not be published.