МАСКЕНБАЛ НА НАЈМЛАДИТЕ – ДЕН КОГА КАМЕНИЦА Е ПОЛНА СО ДЕТСКИ ЏАГОР И СМЕА (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонска Каменица 02 Април. 2018 година – Денес најмладите му дадоа живот на градот! Децата од детската градинка „Бамби“ и учениците од I-V одделение од ООУ „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица, облечени во најразлични маски го окупираа градот со смеа, радост, детски песни и игри. Маските беа празник за очите на нивните родители, баби и дедовци, роднини и другарчиња, кои излегоа на градскиот плоштад и улиците, да ги поздрават најмилите.

Маските ги имаше во најразлични варијанти, костими од различни професии, од различни стрип јунаци, од спортски екипи и во нешто природно. Најважни беа насмеаните лица на нашите најмлади што го облеаа градот со среќа и радост. Маскенбалот по повод 1-ви Април –  „Денот на шегата“, заврши на градскиот плоштад, со едночасовно дружење, низ игра и песна на најмалите дечиња и учениците од I до V одделение од основното училиште.

Дечињата од ЈОУДГ „Бамби“ избраа и најубаво изработени маски од нивната голема и мала возрасна група. Иако изборот беше навистина голем, за најдобро изработени маски беа изберени „Сунѓерот Боб“ и „Клеопатра“ кои од својата „Бамби“ добија награди за нивните одлично изготвени маски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *