Макеедонска Каменица: Одржана средба по повод 3. Декември – Меѓународен ден на лицата со посебни потреби

Македонска Каменица, 03.12.2020 година – Општина Македонска Каменица и Рудник Саса во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, поради специфичноста на ситуацијата во која се наоѓаме поради актуелната пандемија со Ковид 19, денеска остварија кратка средба со претставници од Дневниот центар за лица со посебни потреби – Македонска Каменица и ЦПЛИП “Порака”.

„Меѓу останатите теми на разговорите водени околу новите предизвици со кои како заедница се среќаваме, преку присутните претставници на средбата упативме поздрави до штитениците од Центарот и до сите лица со посебни потреби од нашата Општина“, – изјави градоначалничката на општина Македонска Каменица
Таа по завршувањето на средбата дополни дека, „оваа година одбележувањето на овој значаен ден за нив е поинаков, но тоа не е пречка за продолжување и продлабочување на добрата соработка во услови на новата нормалност поради појавата на пандемијата на корона кризата“.
По повод Маѓународниот ден на лицата со попреченост, општина Македонска Каменица приготви пригодни подароци, а преку Програмата за социјална заштита за следната година е предвиден зголемен износ на финансиски средства и поширок опфат на повеќе ранливи категории на граѓани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *