„Македонски звучи супер“ за Таксират фестивал 18

Дел од најголемите македонски музички имиња ќе настапат на финалната вечер на Таксират фестивал, кој годинава слави полнолетство.

Кирил Џајковски, Фолтин, Архангел, Санаториум и Чиста околина заеднички ќе ја „уриваат“ Метрополис арена, на 9-ти декември (петок). Во период, во кој се чини дека македонската музичка сцена е во најлоша можна ситуација, изборот на изведувачи за финалната вечер на Таксират навистина воодушевува. Докажаните македонски брендови ветуваат врвен музички настан пред полна Метрополис арена.

Промотивните билети за главната вечер ќе бидат пуштени во продажба на 14-ти октомври, по цена од 500 денари.

Одете на Таксират 18! Македонски навистина ќе звучи супер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *