Македонски државјанин се самозапали во Исланд. Сакале да го вратат назад во Македонија

Македонски државјанин на возраст околу 30 години се обидел да се самоубие вчера во бегалски камп во Рејкјавик, Исланд, јави „Албеу“, а пренесе СДК.

30-годишниот Албанец од Скопје се самозапалил, бидејќи исландските власти сакале да го вратат во Македонија, откако негово барање за азил било одбиено, велат други Албанци кои се во истиот бегалски камп. Младиот човек се здобил со сериозни изгореници при обидот да се самоубие.

Бројот на баратели на азил во Исланд годинава достигна 1.000, што е три пати повеќе во однос на минатата година и голем дел од нив се од Македонија. Најмногу од нив доаѓаат од Будимпешта во среда и во недела, кога има летови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *