Македонски автобус (Скопје – Белград) излета од автопат во Србија. Неколку од патниците се хоспотализитани

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа која се случила во 5:50 часот утрово нa автопатот Белград – Ниш во близина на алексиначкото село Катул.

До незгодата дошло кога автобус на транспортната фирма Транспродукт кој сообраќал на линијата Скопје – Белград, од сеуште неутврдени причини излетал од автопатот.

Екипите на итната помош четворица повредени пренесоа до нишкиот Клинички центар. Тројца по дијагностиката се отпуштени зошто немале сериозни повреди, а еден пациент и натаму е во болнциа. Според неофицијалнтие информации на лекување е задржан возачот на автобусот кому најверојатно му се слошило во текот на возењето, што довело до несреќата.

Во Транспордукт соопштија дека во моментот на несреќата во автобусот имало 14 патници кои влегле во Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *