Македонските ученици со 5 медали на Олимпијадата за природни науки во Катар

На олимпијадата за природни науки во Катар, македонските ученици со 5 медали

Вкупно пет медали, две сребрени и три бронзени медали освои македонскиот тим на 16. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки, во Доха – Катар.

Олимпискиот тим го сочинуваат шест ученици – Матеј Гелев, Емилија Николовска, Мајкл Георгиевски, Никола Спировски, Теона Кировска и Стефан Дрмач. Ментори им беа професорите од ПМФ Боце Митревски, Марина Стојановска и Лозенка Иванова. Во подготовките на младите олимпијци учествуваше и претседателот на ДФРМ професорот Ламбе Барандовски.

Покровители на учениците во Катар беа ФИТР, Агенцијата за млади и спорт и градоначалниците од градовите од каде потекнуваат младите македонски олимпијци..

Leave a Reply

Your email address will not be published.