Македонска Каменица ќе прави урбанистички планови заедно со граѓаните

Македонска Каменица 14.01.2021 година – Денеска во просториите на општина Македонска Каменица се одржа првиот состанок на Партиципативното тело кое ќе биде вклучено во носењето на сите урбанистички планови во Општината.

Како што информираат од Општината, „истото треба да ги следи состојбите во планирањето преку давање на иницијативи, насоки и сугестии за изготвување на плански решенија на урбанистичките планови во нивната работна верзија“.

Во рамки на првиот работен состанок покрај разгледувањето на планските Програми за селата Луковица, Моштица и Саса, беше извршен избор на претседател и заменик- претседател на Партципативното тело, – дополнуваат во изјавата од општина Македонска Каменица

На денешниот конститутивен и работен состанок за претседател на Партиципативното тело кое ќе заседава најмалку еднаш во два месеци е избран Јован Митревски, додека за заменик претседател е избран Митре Ангеловски

На состанокот на Парцитипативното тело кои ги претставува сите различни интереси и групи во локалната заедница и ги пренесува ставовите, мислењата и потребите на граѓаните и правните лица, беше присутна и градоначалничката Соња Стаменкова.

Како што стои во соопштението на официјалните социјални мрежи на градоначалничката Стаменкова, објавено по завршувањето на состанокот, Партиципативното тело ќе ги следи состојбите во планирањето преку давање на иницијативи, насоки и сугестии за изготвување на плански решенија и во постапката за изработување и донесување на плановите ги разгледува планските програми и планските решенија на урбанистичките планови во нивната работна верзија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *