Македонска Каменица се приклучи кон “Генералка викенд 2024” – најголемата национална екоакција

Општина Македонска Каменица се приклучи кон најголемата национална акција за чистење и селектирање отпад – Генералка викенд 2024.

Акцијата започна со чистење на влезот на општината кај магистрала А3 и во неа главно учествуваа вработените во ЈП Камена Река и дел од ЕЛС Македонска Каменица.

– Целта е сите да придонесеме во подигнување на јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на отпадот и позитивно да влијаеме за зачувување на животната средина, – истакнува градоначалникот Атанасовски кој денеска зеде активно учество во акцијата

На оваа акција, како што дополни градоначалникот Атанасовски, може да ни се приклучат сите заинтересирани граѓани, граѓански организации, општествено одговорни компании и јавни институции. Да дадеме сите заедно масовна поддршка на оваа акција, и заеднички да ја подигнеме свеста за зачувување на чиста и здрава животна средина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *