МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА: СЕ ОДДРЖАА МЕЃУОПШТИНСКИ НАТПРЕВАРИ ПО „ДЕТСКИ СЕМАФОР„ И „СООБРАЌАЈНО ТЕХНИЧКА КУЛТУРА НА МЛАДИТЕ – 2018“

Македонска Каменица 26. Април 2018 – Меѓуопштинските натпревари по сообраќај „Детски семафор“ и „Сообраќајно техничка култура на младите“, годинава се оддржаа во ООУ „Св.Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица. Натпреварувачките екипи за Детски Семафор беа од ООУ „Св.Климент Охридски“ и „Ванчо Прќе“ од Делчево и „ Св.Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица, додека СОУ Методи Митевски Брицо од Делчево и СОУ „Миле Јаневски –Џингар“ од Македонска Каменица се натпреваруваа со знаењата во Сообраќајно техничка култура на младите.
Учениците се натпреваруваат со своите знаења за сообраќајните правила и прописи преку теоретски дел со полагање на сообраќајни тестови кои и оваа година се решаваа на електронски систем лоциран на веб порталот www.soobrakaj.mk, и практичен дел со вешто возење на велосипед и мопед на полигон.
За најдобрите натпреварувачи беа доделени награди за прво, второ и трето место поединечно за момчиња, прво, второ и трето место поединечно за девојчиња и награди во екипна конкуренција.

Детски семафор 2018
Резултати – поединечен пласман трета (мала) група (женска конкуренција)
1. Јована Лазарова – ООУ„Св.Кирил и Методиј“
2. Ева Ивановска – ООУ „Св.Климент Охридски“
3. Ана Ангеловска – ООУ „Ванчо Прќе“
Резултати – поединечен пласман трета (мала) група (машка конкуренција)
1. Роберто Јаневски – ООУ„Св.Кирил и Методиј“
2. Климент Трајков – ООУ„Св.Кирил и Методиј“
3. Александар Стојчевски – ООУ „Ванчо Прќе“
Резултати – поединечен пласман четврта (голема) група (женска конкуренција)
1. Исидора Сугарева – ООУ „Св.Климент Охридски“
2. Дајана Ристовска – ООУ„Св.Кирил и Методиј“
3. Милена Стојчевска – ООУ „Ванчо Прќе“
Резултати – поединечен пласман четврта (голема) група (машка конкуренција)
1. Христијан Веселиновски – ООУ„Св.Кирил и Методиј“
2. Стефан Ефтимовски – ООУ „Ванчо Прќе“
3. Бојан Тренчевски – ООУ „Св.Климент Охридски“

Сообраќајно техничка култура на младите 2018
Резултати поединечен пласман:
1. Даме Спасевски – „Миле Јаневски – Џингар“ Македонска Каменица
2. Александар Пецовски – „Методи Митевски Брицо“ Делчево
3. Антонио Петревски – „Методи Митевски Брицо“ Делчево

По сумирање на постигнатите резултати натпреварувачките екипи ги овоија следните места:
За Детски семафор
1.ООУ Св.Kирил и Методиј – Македонска Каменица
2. ООУ Св.Климент Охридски – Делчево
3. ООУ Ванчо Прќе – Делчево

За Сообраќајно техничка култура на младите
1.СОУ Методи Митевски Брицо – Делчево
2.СОУ Миле Јаневски –Џингар -Македонска Каменица

Следната фаза од овие натпревари е регионалниот натпревар кој треба да се одржи до 15 Мај 2017 година.
Манифестацијата заврши со свечено доделување на дипломи, награди и признанија на учесниците и свечен ручек.
Организатор на овие традиционални сообраќајно воспитни манифестации „Детски семафор“ и „Сообраќајно техничка култура на младите“ се Општинските совети за безбедност на сообраќајот на патиштата од Македонска Каменица и Делчево, со подршка на Локалната самоуправа од Македонска Каменица и Делчево.
Средствата кои беа потребни за организирање и реализирање на овогодинешните меѓуопштински натпревари „Детски семафор 2018“ и „Сообраќајно техничка култура на мадите 2018“ беа финансирани од страна на Градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Г-а Соња Стаменковска.
Превозот на екипите од Делчево беше обезбеден од страна на Градоначалникот на Општина Делчево, Г-дин Горан Трајковски.
Општинските натпревари „Детски семафор“ и „Сообраќајно техничка култура на младите“ традиционално се одржуваат повеќе од 45 години и претставуваат посебен придонес во градењето на сообраќајната култура на децата и младите кои секојдневно се вклучени во сообраќајот како пешаци и велосипедисти.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *