Македонска Каменица препознен позитивен пример во спроведувањето на енергетската ефикасност – заедно со 4 европски општини се најде во првиот Прирачник за климатска акција на Европа

Македонска Каменица е пример за енергетска ефикасност, зборува и самиот факт што е дел од четирите одбрани европски општини за промоција на првиот Прирачник за климатска акција

Македонска Каменица, 05.03.2021 година – Денес, по повод Светскиот ден на енергетската ефикасност, покрај другите активности поврзани со одбележувањето, градоначалничката Стаменкова го посети Основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“. При посетата на училиштето, во Спортската сала од образовниот центар, Стаменкова оствари кратка средба со директорката на училиштето и претставници од спортските клубови кои во иднина ќе го користат овој, според стандарди за енергетска ефикасност, целосно реконструиран спортски објект.

На средбата, од страна на градоначалничката Соња Стаменкова беа истакнати заложбите на локалната самоуправа за подобрување на енергетската ефикасност во Македонска Каменица.
На среден и долг рок, еден од најголемите предизвици, како за националната, така и за локалната економија, се климатските промени. Со цел навремено ублажување и адаптирање на последиците кои се предвидуваат од нив, влеговме во значајни инвестиции и сериозни заложби за климатската акција“, – истакна градоначалничката Соња Стаменкова

Општина Македонска Каменица во изминатите три години во областа на енергетската ефикасност бележи вкупен износ од над 43,5 милиони денари, со кои беа реализирани повеќе проекти:

Ново улично осветлување според ESKO модел Терторија на општина Македонска Каменица 28.000.000,00 денари
Надворешна столарија (прозорци и врати) ООУ „Св. Кирил и Методиј“   4.800.000,00 денари
Надворешна столарија (прозорци и врати) Спротска сала во
ООУ „Св. Кирил и Методиј“
  2.400.000,00 денари
Нов систем за затоплување и нови грејни тела ООУ „Св. Кирил и Методиј“   5.800.000,00 денари
Фотоволтаични ситеми СОУ „Миле Јаневски Џингар“

ООУ „Св. Кирил и Методиј“
ЈОУДГ „Бамби“ Македонска Каменица

  2.400.000,00 денари

 

„Заложбите на локалната самоуправа за вложување во енергетска ефикасност се признаени не само во национални рамки, туку и во Европа. Тоа се потврдува со силното партнерство кое општината го има со Фондацијата Фридрих Еберт и други меѓународни претставништва во земјава, кои се залагаат за декарбонизација и чиста животна средина воопшто“ нагласи Стаменкова, додавајќи ги последните меѓународни признанија на општина Македонска Каменица поради залагањата на полето на енергетската ефикасност „Дека Македонска Каменица е пример за енергетска ефикасност, зборува и самиот факт што е дел од четирите одбрани европски општини за промоција на првиот Прирачник за климатска акција“.

Стаменкова го искористи денешното одбележување на Светскиот ден на енергетската ефикасност за најава на „Почеток на изработката на првата Програма за енергетска ефикасност на општина Македонска Каменица во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт која пред само неколку месеци, заедно со дел од екипата на оскаровците од Медена земја, сними и промотивно видео, во кое нашата општина е прикажана како позитивните примери, кои потврдуваат дека за вакви прогресивни политики на локално ниво, не е потребно да се биде голема општини, туку да се има голема политичка волја“.

Светскиот ден на енергетската ефикасност се одбележува секој 5-ти март. Овој датум е востановен во чест на првиот состанок на светските експерти од оваа област одржан во Австрија во 1998 година. Енергетската ефикасност подразбира намалување на потрошувачката на енергија за производство на стоки или услуги, без притоа да се наруши квалитетот на производот или услугата, животниот стандард или економската активност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *