Македонска Каменица преку Јавна анкета избира локација за нова општинска административна зграда

Македонска Каменица, 30.10.2020 година – Општина Македонска Каменица започна со спроведување на јавна анкета, преку која граѓаните директно ќе можат да одлучат при изборот на локација на новата административна зграда. Општина Македонска Каменица со своето транспарентно и отчетно работење во изминативе неколку години е позитивен пример за транспарентност во државата.

„Во насока на континуитет во транспарентното работење и продолжување на интерактивната соработка со граѓаните при носењето на сите крупни и значајни одлуки за заедницата, општина Македонска Каменица ќе спроведе анкета за избор на локација за изградба на Општинска административна зграда. Понудени се два простори за изградба на административна зграда за кои граѓаните преку On Line анкета ќе можат да го дадат своето мислење и да бидат дел од одлуката која ќе биде конечна по одржаните јавни расправи и разговорите со граѓаните во рамки на Форумите на заедниците во општина Македонска Каменица“, – стои во соопштението на официјалната страна на Општината.

Во прилог линк до официјалната страна на општина Македонска Каменица од каде ќе можете да пристапите кон гласање за една од двете одредени локации.

Јавна Анкета: Која предлог локација за изградба на Општинска административна зграда во Македонска Каменица е вашиот избор?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *