Македонска Каменица останува град со најмалку активни случаи на Ковид19 во Македонија

Во Македонија има 20.106 активни случаи на ковид -19, а најмал број има во Македонска Каменица, каде се регистрирани 11 случаи.

Пехчево има 19, а Дојран 21 активен случај. Во Кратово има 23 активни случаи на коронавирусот. Македонски Брод има 4о активни случаи.

Најголем број има во Скопје, 9.161 случај. Куманово има 1.257, Тетово 674, Прилеп 1.026, Битола 1.291. За 24 часа имаме и 33 починати од ковид. Во земјава се намалува бројот на заразени, но бројот на починати е висок ако следиме на неделно ниво.

Околу 140.000 луѓе досега се пријавиле за вакцинација. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *