Македонска Каменица одбележа убав љубилеј: 30 години од „Распеани Каменичани“

Музиката и зборовите од изворната каменичка песна „Дафино, моме, Дафино“ повторно се пееше во М. Каменица од ветераните на познатата група „Распеани каменичани“. Дваесетина членови на старата група „Распеани Каменичани“ и КИЦ „Романса“ од М Каменица се собраа заедно за да одбележат 30 години од издавањето на нивната прва и единствена плоча каде се поместени 11 староградски и народни песни.

  • Групата броела околу 40 членови кои во различни временски интервали, некои биле порано некои покасно откажани. Групата е во поодминати години. Моја иницијатива и моја желба е ако може да го обновиме овој состав со тоа што нели да видиме во каква кондиција се самите пеачи и нормално да додадеме и нови членови, изјави Горан Огњановски, директор на КИЦ „Романса“.

  • Искрено сум возбудена дека ќе воскресне нешто што некогаш многу вредеше. Јас како млада, кога бев 20 години, вие ми бевте поим за култура во Македонска Каменица и за идејата на директорот можам да кажам, секоја чест, изјави Соња Стаменкова, градоначалник на М.Каменица

Плочата е објавена од Југотон, а прв уметнички раководител бил Вјенцислав Поповски.

  • Целта ни беше изворни песни од овој регион, да им дадеме нов аранжман. Еве песната Дафино моме Дафино, беше песна која се пееше на ќемане, кажа Вјенцислав Поповски, уметнички раководител на групата

Денеска се пензионери членовите на ,,Распеани каменичани“, но со носталгија се сеќаваа на тие времиња, на нивните настапи низ цела Макеоднија, но и во Европа.

  • Секогаш јас сум барал нешто изворно, од вашиот крај. Еве оваа песна што е на насловната таа е ваша. За два саати ние запишавме 33 членови. Друштвото работеше и многу ми беше мило што за неполна година ние успеавме да снимаме плоча. Додека бевме сите заедно не да бевме група, ние бевме браќа и сестри. Нема никогаш тоа да го заборавам. Ако треба да пишувам мемоари ќе ми треба еден тон листови хартија, раскажаа членови на групата.

Распеаните каменичани си ветија дека ќе ја возобноваат својата благородна мисија и дека со поддршка на Општината за кратко време повторно ќе се вратат на сцената.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *