Македонска Каменица конечно ќе добие интернист

Македонска Каменица, 14.11.2019 година – По подолго време, Македонска Каменица конечно ќе добие  интернист. Од оваа година, една од специјализциите кои му се одобрени на делчевскиот Здравствен дом, е предвидена за потребите на каменичкото население:

„За интерна медицина одбравме  докторка од Македонска Каменица бидејќи  многу е запоставена Каменица и се потрудивме малку од малку да ги задоволиме потребите  бидејќи ја знаеме старосната граница на населението“ изјави д-р Марија Глигорова, дир. на Здравствен дом – Делчево

Ова е прва специјализација што ќе ја добие Македонска Каменица по пауза од повеќе од 10-тина години. Дополнително, за наредната година, Здравствениот дом од  Делчево се откажува од специјализацијата по ортопедија, за да обезбеди невролог, повторно од Македонска Каменица:

„Ортопедијата ќе ја замениме со нервно бидејќи ние сега ќе склучиме договор со Клиничка болница  Штип каде што ортодопед 2-3 пати ќе доаѓа и ќе ги задоволува потребите на населението“ изјави д-р Марија Глигорова, дир. На Здравствен дом – Делчево

Во моментов во Делчево и Македонска Камница, интернист и невролог се итно потребни, зашто сегашните се пред пензија.

Еден специјалист , веќе е испратен и тој ги специјализира болестите од интерната медицина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *