Македонска Каменица добива нова улица и уреден паркинг простор во центарот на градот

Општина Македонска Каменица започна со изградба на нова улица од централното градско подрачје. Улицата Пере Тошев, која е крак од улица Осоговска, ќе биде со должина од 140 метри и со тротоари широки 1.5 метри.

Цената на договорот за изградба на оваа улица од централното градско подрачје на Македонска Каменица е 2.024.388,50 денари.

Во овој дел од централното подрачје започнува и изградбата на пракинг простор со површина од 1.590 м2, со цел трајно да се реши проблемот со паркинг места на жителите од околните згради.

Цената на договорот за паркинг просторот е 2.953.272,45 денари. Фирма изведувач на двата објекти е Стоименов ДООЕЛ од Кочани, со краен рок за завршување на изведбата до 18 Септември, 2018 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *