МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ДОБИВА И ЏУДО КЛУБ

Македонска Каменица – Од овој месец, официјално во нашиот град започна да функционира спортскиот џудо клуб “Рудар”. Клубот е под менторство на Драган Шекероски, тренер со долгогодишно натпреварувачко и тренерско искуство, лиценциран џудо-тренер и носител на црн појас-III дан.
Секој вторник и четврток, во новата спортска сала во Македонска Каменица, заинтересираните идни млади спортисти и ентузијасти, од 18:30 до 20.00 часот, ќе можат да се запознаат со убавините на овој олимписки спорт.


Во овој момент можеме да го најавиме првото учество на еден наш сограѓанин на државно џудо првенство, кое утре се одржува во Кавадарци. Станува збор за младиот и талентиран џудист Никола Ангеловски, кој во боите на “Рудар” ќе настапи во јуниорска конкуренција, категорија до 73 килограми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *