Црвено жолтите на гостувањето во Љубљана на стадионот „Стожице“ одиграа реми од 1-1 против домашната Словенија во 2 коло од Групата Г во евроквалификациите.
Македонските фудбалери во сите 90 минути од мечот беа рамноправен ривал на солидната Словенија и на крајот заслужено стигнаа до посекуваното реми.
По израмнетата игра во првиот половина час од средбата Словенците неочекувано во 34 минута преку Миха Зајц поведоа со 1-0.
Но, радоста и водството на домаќините траеше само 13 минути.
На стартот на вториот дел нашиот национален тим преку Барди израмни на 1-10 , што подоцна се покажа и како конечниот резултат на дуелот во Љубљана.
Избраниците на селекторот Ангеловски одиграа уште еден одличен натпревар во кои можеме жалиме за неколку пропуштени шанси на Пандев, Барди, Несторовски и Елмас.
По дуелот на Стожице селекторот Игор Ангеловски истакна дека е задоволен од играта и освоените 4 бода по првите две квалификациски средби.
„Пред првите две средби од квалификациите, истакнав дека ќе бидам задоволен со се што е над три освоени бода. Но, сега, по ремито во Љубљана и после една ваква квалитетна игра, морам да кажам дека жалиме за останатите два бода. Доколку имавме подобра реализација, сигурно ќе славевме на овој меч“порача Ангеловски.