Македонија во изборен молк. Денес гласаат затворениците, болните и дијаспората

Во пресрет на утрешните предвремени парламентарни избори, четврти во низа, денеска е предизборен молк. Изборната кампања која траеше 20 дена заврши синоќа на полноќ. Гласање денеска, според македонското изборно законодавство, се спроведува во дијаспората, за пријавените болни и изнемоштени лица и за затворениците и лицата во притвор.

На изборите учествуваат 11 политички субјекти: шест политички партии и пет коалиции со 58 листи на кандидати. Пријавени за гласање во странство се 20.573 граѓани, додека на посебниот Избирачки список се запишани 230.122 лица кои согласно евиденцијата на надлежен орган се смета дека се на привремена работа во странство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *