ЛОКАЛНОТО ДЕРБИ БЕЗ ПОБЕДНИК. САСА – ОСОГОВО 1:1

Во 17-тото коло од ВМФЛ-Исток, ФК Каменица Саса се сретна со екипата на Осогово од Кочани. Натпреварот заврши со популарните 1:1 кога станува збор за ова локано дерби.

Саса уште на почетокот беше надоќна екипа на теренот. Во 43-тата минута од натпреварот, Саса го реализираше досудениот пенал, преку капитенот Дани Гоцевски.

Првата шанса Осогово ја имаше некаде околу 60. минута од натпреварот. Во 70. минута, мало невнимание на гостинскиот голман и Осогово успеа да израмни преку еден случаен удар од страна. До крајот на натпреварот ФК Каменица Саса се обидуваше да дојде до ново водство, но среќата беше на страната на Осогово.

Следното коло од ВМФЛ Исток Саса ја пречекува екипата на Тиквеш од Кавадарци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *