Локализиран пожарот во село Цера. Изгореа 5 хектари борова и дабова шума

Македонска Каменица, 11.04.2020 година – Екипи на ТППЕ Македонска Каменица веќе неколку часа активно се борат против пожарот кој избувна во село Цера, на потегот од маало Парилци до Вучковско маало.

Како што известува Малин Трајчевски, командир на ТППЕ Македонска Каменица пожарот има зафатено 5 хектари борова шума и дабова шума. Во моментов, пожарот е локализиран и ставен под конрола. Екипите на ТППЕ Македонска Каменица помогнати од вработени во Национални шуми „Делчево“ остануваат на терен до целосно гаснење на пожарот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *