Ловџија од Будинарци го ранил соседот, мислел дека е дивеч

Во жител на село Будинарци кај Берово, С.К. е пукано кога ловџија го помешал со плен.

Додека вчера околу пладне собирал шумски плодови во местото Лешова ливада, одеднаш во пределот на двете нозе почувствувал остра болка, по што се струполил на земја.

Дури подоцна дознал дека на него од ловечка пушка пукач И.П. (38) од истото село, кој за својот сосед помислил дека е дивеч.

Полицијата соопштила дека И.П. на оддалеченост од околу 60 метри видел дека се мрдаат гранки на смрека и слушнал дека нешто таму шушка. Верувајќи дека се работи за дивеч, ја кренал пушката во тој правец и испалил два патрони.

Во истиот момент слушнал врисок, а кога дотрчал до смреката, на земјата го здогледал повредениот С.К.. Повредениот човек веднаш е префрлен во Здравствениот дом во Берово, но поради сериозноста на повредите е префрлен во Клиничкиот центар во Штип. Ова не е прв пат некој да настрада во лов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *