Лице од Кочани се сомничи дека објавило видео со експлицитна содржина од жена на социјални медиуми

На 13.03.2023 во Полициската станица Кочани бил извршен службен разговор со Г.П.(40) од Кочани.

Тој се сомничи дека на 09/10.03.2023 на социјалните мрежи објавил видео со 33 – годишна жена со експлицитна содржина.

Полициски службеници од ОВР Кочани, по судска наредба, извршиле претрес во неговиот дом, при што пронашле и одзеле лап топ компјутер и мобилни телефони за кои постои сомнение дека се поврзани со делото.

По комплетирање на случајот против Г.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР -ШТИП

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *