Леблебијата содржи двапати повеќе железо од иста количина на месо

Леблебијата или наут е мешункасто растение, кое се користи во исхрана на луѓето. Семето на леблебијата е слично на семето на сојата или на сушеното зрно од грашок , се користи како вариво  или као додаток на друг зеленчук  при приготвување на храна. Недозреаното семе се кати од мешунките и се подготвува како зелен грав или грашок. Во источните земји леблебијата ја мелат во брашно од кои печат извонредни печива , или во одреден размер (10 – 20 отсто ) го мешаат со пченичното брашно и од оваа смеса печат специјален леб.  Најпопуларен ориентален специјалитет од наут се пропржените и/или подпечени зрна од наут, кои се грицкаат као семенки од тиква и сончоглед и на овие простори се нарекуваат леблебија. Исто така препечените зрна од наут се користат како додаток/на кафе во одреден однос со чисто кафе.

Биохемискиот состав на леблебијата е сличен со останатите мешункасти растенија. Исушено зрно содржи 17,4 – 23,3 проценти белковини, 53,5 – 63,6 проценти јаглени хидрати, 4,1 – 5,5 проценти растително масло 3,3 – 5,5 проценти целулоза   и 3,2 – 3,4 проценти минерални материи.

Прочитај и: Придобивки и ризици од свинското месо

Леблебијата е одличен извор на железо, дури и варената леблебија содржи двапати повеќе железо од иста количина на месо. Количината на калциум во леблебијита е исто така висока и е придружена со присуство на белковини кои ја зголемуваат неговата апсорпција. Ако во оброкот е застапена и некоја житарица, тогаш таквиот оброк има има целосен состав на потребни аминокиселина. Исто така има низок глихемиски индекс.

 

 

Против дијабетес

Истражувањата покажуваат дека дијабетичарите кои често конзумираат намирници богати со влакна имаат намалено ниво на гликоза, а кај дијабетичарите со тип 2 може да се подобри нивото на шеќер во крвта, липидот и инсулинот. Експертите препорачуваат 21-25 гр диетални влакна за жените и 30-38 за мажите.

 

Го чува здравјето на коските

Железото, фосфатите, калциумот, магнезиумот, манганот, цинкот и витаминот К придонесуваат за здравјето и силата на коските. Сепак, треба да се биде внимателен бидејќи таа содржи многу фосфор.

 

Го намалува крвниот притисок

Една од најважните промени која треба да ја усвоите е да јадете намирници кои се сиромашни со натриум, а една од нив е и леблебијата. Освен тоа, тука присутен е и калиумот кој е еднакво важен за нормализација на крвниот притисок.

 

Го чува срцето

Комбинацијата на влакнам калиум, витамин Ц и Б6 придонесуваат за чување на здравјето на срцето.

 

Го регулира варењето

Таа го подобрува варењето и е одлична за спречување запек и подобрување на општото здравје на дигестивниот тракт.

 

Го чисти организмот

Леблебијата е многу корисно средство за чистење на нашиот организам, особено од сулфатите кои се наоѓаат во преработената храна

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *