Куќи покрај езерото Комо во Италија се продаваат за еден долар

Во ова село, кое се наоѓа на самата граница со Швајцарија, куќите се продаваат по оваа неверојатна цена.

Монти Скиага е едно од најоддалечените села во регионот, сепак жителите на селото имаат пристап до вода за пиење, која странските инвеститори ја сметаат за одлична можност. Покрај тоа, ова село се наоѓа 115 километри северно од Милано, додека пак езерото Комо, каде Џорџ Клуни има луксузна вила, е оддалечено околу 64 км.

Овој предел целосно бил напуштен во седумдесеттите години на минатиот век, сепак успеал да ја задржи својата оригинална структура со традиционалните архитектонски елементи. Доколку сакате куќа во некој мирен дел во Италија, во близина на езерото Комо, оваа можност е одлична. Слични вакви планови се спроведуваат во другите рурални делови на Италија за да се оживее заедницата и да се спасат местата од исчезнување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *