КУП 2021: ИЗЈАВИ ПО НАТПРЕВАРОТ БАСКЕТ КАМ – БАДЕЛ 1862

КУП 2021: Изјави по натпреварот Бадел 1862 – Баскет Кам

Бадел 1862 – Баскет Кам 64-81

 

Перо Стамевски, тренер Бадел 1862

„Прво би сакал да им ја честитам победата на Баскет Кам, сосема заслужено го освоија трофејот. Ние не отворивме како што треба и како што се договоривме. Странските засилувања си го направија своето, излезе дека се поквалитетни во моментв. Сега продолжуваме во полуфинале од плејофот против Крива Паланка и се надевам дека во финалето ќе се сретнеме со Баскет Кам. Првенствените натпревари се сосема поинакви од купот, таму има шанса за поправен иако ништо никогаш не се знае. Очекувам да прикажеме подобра игра и да пружиме достоен отпор.“

Нена Трајчевска, играч Бадел 1862
„Пред се сакам да кажам дека сум задоволна од играта на сите наши играчи од прва до последна. Ова не е реална слика за нас, ние изгубивме многу од играчки акдар, го изгубивме нашиот прв плеј и тоа многу смени во играта. Но, тоа е спортот. Учиме лекции секојпат. Сега не чека плејоф и многу натпревари за докажување. Ќе работиме многу повеќе на нашата игра и сите наши грешки, а воедно да ги спречиме и противничките играчи. Бадел може многу повеќе од ова и како заедница и како тим. “

 

Александар Ашаданов, тренер Баскет Кам

„Честитки до противничката екипа за пружениот отпор. Чувството да бидеш дел од ова е прекрасно, честа беше наша да сме дел од завршницата. Целта е јасна, да се освои и домашното првенство. Имаме доста добар ростер, со странски засилувања и доста репрезентативки. Според мене хемијата на оваа екипа е пресудна за успесите.“

Анџелика Митрашиновиќ, играч Баскет Кам
„Презадоволна сум, ја очекувавме оваа победа. Сакам да им честитам на соиграчите за одличната игра и се надевам дека ќе имаме уште повозбудливи натпревари во плејофот. Оваа години се засили доста лигата, доста ми е мило за тоа. Ми заврши сезоната во Црна Гора и сакав да се вратам тука. Се надевам на добри натпревари, добро финале во плејофот па и на двојна титула.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *