Крстот во Каменица заврши кај Иван Јанковски

Иван Јанковски го фати Светиот крст што денес, по повод празникот Богојавление-Водици, беше спуштен во водите на река Каменичка. По Светиот крст во Македонска Каменица скокаа 22 пријавени учесници, меѓу кои Иван беше најсреќен. Градоначалникот на општина Македонска Каменица Соња Стаменкова на Иван Јанковски му врачи скромен подарок и посака годинава да биде исполнета со многу успеси, среќа и благосостојба за сите жители во општината.

Традиционално, во реките се положуваат крстови, а оној што ќе го фати Светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со спуштањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити.

Богојавление или Водици е христијански празник кој се слави на денот на кој, според преданието од христијанската религија, Св. Јован Крстител го покрстил Исус Христос во реката Јордан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *