Кристијан Васев од Делчево е победник на Меѓународниот пијано натпревар во Смедерево

Делчевецот Кристијан Васев освои прво место на 6. Меѓународен пијано натпревар кој се одржа во Смедерево, Србија.

Кристијан Васев е ученик во Средното музичкото училиште во Штип и е еден од најдобрите во својата генерација што се потврди со освоената награда во Смедерево.

Честитки до нашиот сограѓанин на кој му посакуваме уште многу успеси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *