Кривична пријава против лице од Делчево за испратена заканувачка порака на социјалните мрежи

Делчево – 11. Ноември 2022 година – Како што стои во Дневниот билтен на МВР, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Ј.С.(63) од Делчево, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“. На 16.10.2022 пријавениот од својот профил на социјална мрежа му испратил порака со заканувачка содржина на профилот на Д.С.(40) од Делчево.

Извор: Дневен билтен на МВР

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *