Кривична пријава за вработен во ЈП “Македонски шуми” од Македонска Каменица

sasa rudnik

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против М.Ј. (53) од с. Саса, општина Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување, злоупотреба на лични податоци и посебни случаи на фалсификување исправи.

Како што соопшти МВР во периодот од 28 ноември 2016 до 31 декември 2016 година М.Ј., како самостоен референт во Јавното претпријатие „Македонски шуми”- подружница Делчево, без знаење на Љ.Г. (58) и Љ.Д. (60), двајцата од Македонска Каменица, во нивно име поднел две барања за обезбедување на отпад собран после сеча за сопствени потреби од страна на физички лица. После тоа изготвил и две одобренија за собирање на отпад после сеча на вкупно 6,5 метри кубни дрвна маса, коишто подоцна ги продал на други лица и се стекнал со противправна имотна корист во износ од 7.387 денари.

Исто така, во преиодот од 14.11.2016 до 31.12.2016 година, пријавениот, без знaење и овластување на тогашниот директор потпишал 43 одобренија за физички лица за собирање на отпад после сеча во државна шума.

Извор: МКД.МК

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *