Крвава Нова Година во Истанбул. Бројот на мртви расте

Нападот бил извршен во популарниот ноќен  клуб „Рејна“ во квартот Ортакој, откако едно лице кое било облечено како Дедо Мраз влегло во клубот и отворило оган кон присутните кои таму ја прославувале новата година. Нападот почнал во 1:15 часот по полноќ по локално време, кога напаѓачот застрелал полицаец и цивил на влезот, по што влегол внатре и почнал да стрела кон луѓето,
Турските власти соопштија вчера дека распоредиле 17 илјади полицајци во Истанбул за обезбедување на празнувањето на Нова година, при што некои од нив биле облечени како Дедо Мраз, а некои како улични продавачи.
Напаѓачот се уште е на слобода а засега се идентификувани телата на 21 од загинатите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *