Кој ќе ја претставува Македонија на ЛОИ во Рио де Жанеиро?

Македонскиот олимписки комитет денеска го потврди списокот на спортисти кои ќе ја сочинуваат македонската делегација на претстојните Летни олимписки игри во Рио де Жанеиро во Бразил.

Без никакви изненадувања, нашата земја ќе биде претставувана од вкупно пет спортисти односно Анастасија Богдановски (пливање), Ристе Пандев и Дрита Исљами (атлетика), Нина Балабан (стрелаштво) и Катерина Николоска (џудо), а секој од спортистите ќе има и свој тренер во Рио.

МОК истовремено потврди дека пливачот Марко Блажевски нема да учествува во Рио поради правилото еден ист спортист да не може да учествува на две олимпијади без обезбедена А-норма, со што во Рио нема да имаме претставник во пливачките дисциплини во машка конкуренција.

Предводник на делегацијата на МОК ќе биде спортскиот директор Владимир Богоевски, а медицинско лице одговорно за здравјето на спортистите очекувано е д-р Зоран Ханџиски.

Олимпијадата во Рио започнува на 5. август со свечената церемонија на стадионот „Маракана“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *