КОЈ СЕ ЌЕ БИДЕ ИСКЛУЧОК: Неофицијално за овие дејности недела нема да биде неработен ден

Додека Законодавниот дом ја чека драфт верзијата, која токму таму треба да стигне од Владата, во јавноста излегуваат и информации за тоа кои дејности ќе работат во недела.

Аптеки, болници, транспорт, медиуми но и бензинските станици најверојатно ќе се најдат на листата за кои нема да важи неработна недела.

На листата, според кажаното од вицепремиерот за економски прашања, законското решение е пред крај а за 34 дејности нема да важи „правилото“ недела неработен ден .

Вицепремиерот Фатмир Битиќи, во вчерашното гостување на Телевизија „Сител“ кажа дека оние кои ќе бидат на работа во недела, ќе добјат слободен ден покрај тоа што ќе бидат содветно платени.

Во неодамнешното интервју пак токму за нашиот медиум, Битиќи кажа и дека интензивно се води комуникација со синдикатите а решението кое ќе се донесе се гледа да ги задоволи сите страни.

Битиќи, рече дека ќе има исклучоци посебно за одредени права, па доколку се работи во недела тие вработени ќе бидат соодветно компензирани и тоа јасно ќе биде пропишано.

Целото интервју прочитајте го тука.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *