Концерт на хармоника во Македонска Каменица

Македонска Каменица – Во вторник, на 01.06.2021со почеток од 19:00 часот на Градскиот плоштад во Македонска Каменица ќе се одржи концерт на учениците по хармоника во класа на Проф. м-р Тони Лазаров и Проф. Милан Коцев при ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ Штип.

Во првиот дел од концертот ќе биде исполнета класична музика, додека вториот дел опфаќа мелодии со народна музика.

Доколку временските услови не дозволуваат концерт на отворено, истиот ќе се одржи во големата сала во Домот на култура Македонска Каменица, каде поради почитување на протоколите за заштита и спречување на ширење на зараза од Ковид19, бројот на гости ќе биде ограничен.

Поради моменталната состојба со корона вирусот Covid-19 ги замолуваме сите присутни да држат растојание и задолжително да носат маска.

Leave a Reply

Your email address will not be published.