Контролни пунктови за дезинфекција на возила на влезовите во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 08.04.2020 година – Во официјалното соопштение за јавност на општина Македонска Каменица објавено на социјалните медиуми стои дека, во соработка со припадниците на МВР, а во насока на спроведување на мерките и заклучоците донесени на последниот состанок на Општинскиот Кризен штаб, Општината ги интензивира мерките за справување со коронавирусот и заштита на здравјето на граѓаните.

Во понатамошниот текст стои:

🚥 За таа цел денес е поставен пункт за дезинфекција на возила на влезот во градот од Кочани. На пунктот се врши контрола и дезинфекција на сите моторни возила што влегуваат и транзитираат низ градот.
Во текот на утрешниот ден ќе биде поставен и контролниот пункт за дезинфекција на возила за влез во Македонска Каменица од Делчево, со што дополнително ќе биде подобрена заштитата на граѓаните и спречувањето на ширењето на заразата со Ковид 19. 🚧

🚥 Оваа активност ќе продолжи интензивно да се реализира и во наредниот период, се до престнување на вонредната состојба и отстанувањето на опасноста од ширење на коронавирусот на територијата на општина Македонска Каменица. 🚧

🚥 Исто така, продолжуваат активностите за чистење и миење на улиците, како и влезовите и заедничките простори во станбените живеалишта. Граѓаните за индивидуалните живеалишта бесплатно добиваат дезинфекционо средство од ЈП „Камена Река“, кое можат да го добијат секој работен ден до 14 часот од кругот на претпријатието. 🚧

🚥 Поставувањето на контролните пунктови за дезинфекција на возилата на влезовите во градот се изработени од страна на неколку општествено оговорни фирми од нашиот град во соработка со ЈП „Камена Река“ и општина Македонска Каменица. Потребата од пунктовите произлегува како резултат на опасноста на ширењето на коронавирусот во регионот и за 🚓🚥со цел обезбедување на дополнителна заштита на жителите на општина Македонска Каменица. 🚧

#ОстанетеДома
#ОдНасЗависи

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *