Контејнерите празни, шутот и отпадоците расфрлани насекаде. Каде е еколошката свест на граѓаните?

Македонска Каменица, 26.11.2019 година – Просторот на едниот излез од Македонска Каменица, кој во изминатиот период беше опфатен со неколку еко акции спроведени од страна на вработените во општина Македонска Каменица, институциите во градот, граѓаниски организации, спортски клубови и здруженија на граѓани, во соработка и логистичка поддршка од ЈП Камена Река, повторно е целиот во шут и отпадоци од несовесни граѓани и минувачи.

Иако просторот го опремивме со контејнер за отпадоци, натписи кои укажуваат дека е забрането фрлање на отпад, тоа не влијае во голема мера кај граѓаните со ниска еколошка совест. Како што можете да видите и на приложените фотографии во текстот, контејнерот е празен, а отпадоците се насекаде наоколу.

Сепак, ние ќе продолжиме со одржување на сите јавни површини во општината, укажувајќи на потребата дека сите заедно треба да се грижиме за околината и заедничката сопственост. Ваквите дополнителни и непредвидени интервенции одат на штета на граѓаните и се дополнително оптеретување на буџетот.

Прочитај повеќе: Украдени вчера поставените клупи со поглед кон Калиманско Езеро во Македонска Каменица

Следете не на Instagram и Facebook, или станете наш subscriber на Youtube.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *