Конечно: Окрупнување на обработливите површини за подобри резултати во земјоделието

08.XI.2017 (kamenica.mk)
„Во Македонија има потреба од окрупнување на обработливите површини за подобри резултати во аграрот“- заклучок од спроведени анализи кои денеска беа презентирани во Пелагонија. Земјоделците ги знаат придобивките. Проблем се нерешените имотно-правни односи…

Неколкогодишните плиот проекти во битолакото село Егри и радовишкото Конче во оперативното воведување на Национална програма за консолидација на земјиштето се покажаа како успешни. Постапка со која се окропнети околу 400 хектари земјоделско земјиште. Пелагонискиот земјоделец Славе Стефановски вели дека во неговото село веќе течи тратата фаза од планот. Со мали исклучоци земјоделците ја прифаќаат консолидацијата. Вели дека сфатиле дека тоа ќе им донесе поекономично производство, а и полесно ќе се решат и другите проблеми.

„Тоа треба да донесе и подобрување на земјоделската инфраструктура, да имаме подобри локални патишта. Полесно ќе се дојде до наводнувачки системи и одводни канали што е од посебно значење за нашето село, кое е постојано на удар при поголеми врнежи“, вели пелагониски земјоделец Славе Стфановски.

Поради тоа што станува збор за комбинација на повеќе комплексни активности, консолидацијата е подолг процес. Едена од најголемите проблеми при спреведувањето на постапката се нерешените имотно-правнни односи, велат експертите.

„Нерешените имотно правни односи се голем проблем на целата територија на земјава. Но, од друга страна консолидацијата е една од движечките сили со кои земјоделците се мотивирааат поцврсто да застанат во решавањето на ти проблеми“, вели експертот по овој проект во ресорното министерство, Наташа Љубецкиј Анѓелик.

На денешната втора конференција најавија дека отпочнуваат постапка за селекција на нови локации каде проектот ќе се спроведува во следните две до три години, а во текот на месецов ќе одржат уште две регионални работилници за струмичкиот регион.

Izvor: MRT

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *