Конечно започна отстранувањето на големите камени одрони од патниот правец Каменица – Кочани

23. Јануари 2018 каменица.мк


Конечно започна чистењето на големите камени одрони од меѓународниот патен правец Македонска Каменица – Кочани. Станува збор за отстранување на повеќегодишните одрони кои им создаваа големи проблеми на возачите, а беа и вистинска опасност за сите минувачи на овој патен правец. Овој патен правец е во навистина бедна состојба. Честите одрони, амортизираната асфалтна основа и слабата сигнализација на патот се само дел од опасностите со кои жителите на Македонска Каменица и околните места, се соочуваат секојдневно многу години наназад, користејќи го овој патен правец.

Неговата целосна реконструкција, на која се чекаше многу години и подобри времиња, е веќе започната и истата треба да биде завршена во текот на оваа календарска година. Реконструкцијата на патниот правец Каменица – Делчево, веќе е во завршна фаза. По завршувањето на целиот проект се очекува Македонска Каменица со околните градови да биде поврзана со нов модерен пат, на кој ќе бидат санирани и обезбедени сите критични точки, односно ќе биде спречена појавата на нови и чести одрони.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *