Конечно: Билетите за Суперкупот се пуштени во продажба и чинат од 15 до 50 евра

 ОФИЦИЈАЛНО: Билетите за Суперкупот во продажба, чинат од 15 до 50 евра!

Европската куќа на фудбалот УЕФА ги објави цените на влезниците за Суперкупот во Скопје меѓу освојувачот на ЛШ, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Влезниците за спекткалот во нашата земја ќе чинат од 15 до 50 евра, а едно лице ќе може да аплицира за најмногу четири билети од истата категорија. Апликациите за билетите ќе се примаат од 13 јуни (14.00 часот) до 4 јули (14.00 часот).

Лицето *или лицата, доколку се аплицира за повеќе билети) кое ќе ги купи билетите мора да оди на мечот и истите не може да се префрлат на друго име по истекот на рокот за апликација. Доколку има промени во нарачката, тогаш лицето мора да најави промени на интернет-страницата на УЕФА најдоцна до 4 јули.

За да аплицирате за билет, мора да се регистрирате на интернет-страницата на УЕФА. Регистрацијата може да ја направите ОВДЕ. За да аплицирате за билети мора да имате најмалку 18 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *