Книга на денот: НЕВИДЛИВИ ЉУБОВИ – Владимир Јанковски

Романот Невидливи љубови на Владимир Јанковски опфаќа три приказни, во кои авторот преиспитува некои од клучните аспекти на современата љубов: односот меѓу присуството и отсуството, опседнатоста со појавното и со видливото, идејата за Другиот како конструкција и како фикција.

Како се однесува кон девојката што ја сака некој што може да се преобразува во предмети? На кој начин сака човек опседнат со набљудување? Што прави оној што, секогаш кога ќе се доближи до девојката во која е вљубен, станува невидлив?

Две нетипични бајки за возрасни премостени со динамично раскажана реалистична приказна, во кои како во музичка композиција идеите варираат, се надополнуваат, си противречат или течат паралелно една покрај друга.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *