Кметовска пристигна во Македонска Каменица – ЖКК Баскет Кам гради шампионски тим

Иако во македонската женска сениорска кошарка, важи за релативно млад клуб, ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица, во својата трета сезона од прволигашкото друштво ќе влезе со високи амбиции.

Клубот од Македонска Каменица предводен од тренерот Јордан Цветановски веќе започна да го гради тимот за новата сезона.

Прво засилување за Баскет Кам е македонската репрезентативка Ивана Кметовска која игра на центарската позиција.

Таа доаѓа од екипата на скопски Бадел, а претходно има играно во Шпанија за Кесос ел Пастор, во Турција за Јалова и во САД како дел од универзитетот Вашингтон.

Во следниот период се најавуваат уште неколку квалитетни засилувања за што поконкурентен тим, со љубителите на кошарката во нашиот град ќе имаат можност да следат квалитетни прволигашки натпревари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *