Клуч на врата за казината и кладилниците во близина на училиштата

Казината и обложувалниците минимум 300 метри подалеку од училиштата, а оние кои веќе се наоѓаат на помала одалеченост ќе мора да се затворат, вака предвидуваат новите законски измени на Законот за игри на среќа и забавни игри. Според новите предлог измени ниту еден автомат клуб или спортска обложувалница нема да смее да се наоѓа во непосредна близина на основните и средните училишта. Во образложението на новото законско решение е наведено дека во постојниот закон не постои никакво ограничување каде и колку може да се отворат обложувалници и казина. Откако предлог законот се најде на единствениот национален регистар на прописи приредувачите на игри на среќа ги доставија своите заблешки.  Од асоцијацијата на спортски обложувалници сметаат дека предлозите се престроги и сериозно ќе наштетат на нивниот бизнис. Според нив предложеното решение за одалеченост од училиштата е неприфатливо бидејќи со закон веќе е дефинирано дека лица помлади од 18 години не може да учествуваат во игри на среќа.

Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, сметаме дека не се добива никаков дополнителен бенифит по однос на дорегулирање на ова прашање освен негативни импликации по бизнис секторот, особено во однос на намалување на бројот на вработувањата на објекти кои ќе бидат затворени, предвремено раскинување на веќе склучените договори за закуп на деловните простории а сето тоа негативно се одразува и на намалувањето на приходите кои само по основ на наведените исплатени приходи од страна на приредувачите на игрите на среќа се слеваат во Буџетот по основ на персонален данок на доход на имот, персонален данок на добивки од игри и среќа, намалување  на основицата за пресметка и плаќање на посебна давачка утвредена во член 79 став 1 и 2 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри.

Со измените се предвидува да се вратат лиценците за секоја деловна просторија за автомат клубовите а обложувалниците ќе можат со 500.000 евра депозит да отворат вкупно 50 уплатни места. Покрај ова се предидува и воведува на обврска апаратите во казината да не смее да бидат постари од една година бидејќи Владата утврдила дека кај старите апарати не може да се гарантира исправноста на играта.

Извор: ТВНОВА.МК

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *