КК „Баскет Кам“ го освои Basket4Kids турнирот на SportKlub TV во Струмица

Престижниот кошаркарски квалификациски турнир Basket4Kids, во организација на SportKlub TV оваа година се одржа во Струмица, Кавадарци и Скопје. Во рамки на квалификациските турнири се одиграа натпревари помеѓу деца на возраст до 13 години. На турнирот во Струмица, покрај екипата на Баскет Кам учествуваа и екипите на Про Баскет, Баскет Дино, МВП Струмица, УГД Штип и КК Ролинг.

 

Екипата на КК Баскет Кам успеа да оствари 3 победи во сите три одиграни натпревари со следниве резултати:

  • KK Pro Basket 24:49 KK Basket Kam
  • KK Dino Basket 32:42 KK Basket Kam
  • FINALE: KK Basket Kam 52:29 KK Roling

Резултатската разлика ја покажува надмоќноста на каменичките кошаркари во македонската кошарка од оваа возрасна категорија. Минатата година, КК Баскет Кам го освои третото место од квалификацискиот турнир Basket4Kids, кој како домаќини го одиграа во Македонска Каменица.

„Ова е значаен ден за најмладите кошаркари од Македонска Каменица. Ние успеавме да го освоиме квалификацискиот кошаркарски турнир во Струмица и обезбедивме пласман на завршниот пролетен државен турнир. Се надеваме дека ќе успееме да патуваме на финалниот турнир, на кој учествуваат победниците од сите држави на просторите од бивша Југославија“, – истакна Горан Даниловски од КК Баскет Кам М.Каменица.
 
Даниловски додаде дека, „се исполнети очекувањата од турнирот. Имавме одлична можност за дружба помеѓу најмладите кошаркари, промоција на силниот развој на кошарката во Македонска Каменица. Покажавме организираност на едно повисоко ниво и секако можност за размена на искуства од кошаркарската игра“.
Со овој постигнат успех и добиени натпревари со огромна резултатска разлика, каменичани влегуваат како фавроизирана екипа за освојување на завршниот пролетен турнир и учество на финалното натпреварување помеѓу победниците од сите поранешни југословенски републики.
Сите резултати и видеа од натпреварите можете да ги посгледнете на официјалната страна на SPortKlub и Basket4Kids на следниов линк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *