КИЦ ”Романса” Македонска Каменица распиша Литературен конкурс за творби со поезија на тема “Св. Кирил и Методиј”

Културно информативниот центар ”Романса” Македонска Каменица распиша Литературен конкурс за творби со поезија на тема “Св. Кирил и Методиј”

Право на учество имаат учениците при во ООУ ”Св. Кирил и Методиј” Македонска Каменица. Најдобрите творби ќе бидат наградени со вредносни ваучери од 3000 денари за прво место, 2000 денари за второ и 1000 денари за трето место.

– Творбите треба да се достават во 3 (три) печатени примероци во шифрирана форма и тоа:во посебен плик со податоци на секој од учесниците (авторите) во конкурсот, пликот да биде затворен и на него да се напише шифрата. Творбата и пликот со податоците на учесниците, да се стави во друг плик, на кој ке биде напишана адресата со назнака “За литературен конкурс”, – стои во објавата од КИЦ Романса Македонска Каменица.

Творбите треба да бидат доставени лично во просториите на Домот на Културата во Македонска Каменица, секој работен ден од 08.00 до 15.00 часот.

– Конкурсот ке трае од 09.05.2023 год. до 18.05.2023 година. Литературните творби доставени по истекот на наведениот рок во конкурсот нема да се разгледуваат. Бројот на доставени творби не е ограничен, – дополнуваат во објавата од Културно информативниот центар.

Прогласувањето на најдобрите творби ке биде на 23.05.2023 година, во рамки на одбележувањето на патрониот празник на ООУ ”Св. Кирил и Методиј” Македонска Каменица.

*Творбите остануваат во сопственост на КИЦ ”Романса” Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *